НА ПОВИДОК ЦРНО СЦЕНАРИО ВО МАКЕДОНИЈА! ЌЕ ИМА И ДО 100 МРТВИ ДНЕВНО

116

Доктор Никола Пановски вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 предупреди дека ако не се преземат мерки  во Македонија до декември би имале 10.000 мртви од ковид- 19, односно секој ден би имало по 100 погреби само од починати од коронавирус.

– Ако претпоставиме дека имаме 5.000 активни случаи, кои, според вирулентноста на вирусот ако таа е 2-3, односно ако еден болен може да зарази двајца или тројца други, тогаш во следните три месеци би имале повеќе од 10.000 заразени дневно. Но, тоа е црното сценарио, ако нема мерки. Што би се случило со економијата ако во еден момент имаме 100.000 заразени. Тоа значи дека 100.000 луѓе нема да одат на работа и нема потреба од карантин за тие да седат дома. Едноставно, ќе бидат болни – рече Пановски.

Но, тоа е црното сценарио за кое што Пановски истакнува дека може да се случи доколку нема никакви мерки.