КИНА ПРЕДУПРЕДУВА: Пристигнува вториот бран на КОРОНАВИРУС

2,142

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди на нови тешкотии и предизвици и ризик од втор бран зараза. Затоа Кина воведува нови мерки.

Си Џипинг изјави на седницата на врховниот орган на кинеската комунистичка партија – Постојаниот комитет на Политбирото во средата, дека нестабилните и неизвесните фактори се зголемуваат заради зголемените притисоци врз светската економија, пренесува Ројтерс.

„Се појавија нови тешкотии и предизвици како резултат на обновувањето и започнувањето на работата во Кина и економскиот и социјалниот развој“, рече Си.

Тој побара од одговорните да ги следат внимателно случаите на увоз од странство и да спречат ерупција на нов бран.