БОМБА НА АНДОВ: СЕ СЕЌАВАМ КАКО ДЕТЕ! БУГАРИТЕ БЕА ДОЧЕКАНИ СО ЦВЕЌЕ 1941-ВА АМА НЕ ЗАТОА ШТО СМЕ БУГАРИ ТУКУ ЗАТОА ШТО НАРОДОТ БЕШЕ СРЕЌЕН ШТО СРБИТЕ СИ ОДАТ КОИ ВЛАДЕЕЈА ЅВЕРСКИ

180

– Јас како дете се сеќавам дека штом српски џандар ќе се појавеше во некое македонско маало или село, сите бегаа од улиците и се заклучуваа портите, и кого ќе начекаше џандарот на улица ќе го акнеше така ѕверски со такви шлаканици или боксови што после цел ден си како отепан, и никој не ни знаеше зошто е тепан, едноставно Србите со Македонија владееја ѕверски и затоа народот беше среќен кога дојдоа Бугарите 1941-ва, само затоа што конечно по 20 тешки години се отарасивме од Србите. Ама не ги дочекавме Бугарите со цвеќе и музика затоа што сме Бугари, туку ете со надеж дека ќе бидат поарни од Србите но на крај не беше така и народот брзо се крена на востание и веќе во почетокот на 1944-та по Февруарскиот Поход, Бугарите не смееја да излезат од касарните беа уплашени дека партизаните ќе ги отепаат.

Стојан Андов за Алфа ТВ. Што вели за ова Википедија:

Србизација (или посрбување) се нарекува процесот на наметнување и утврдување на српски национален идентитет преку наметнување на српскиот јазик, српска култура, обичаи итн. Процесот на србизација во Македонија започнува уште во 19-тиот век, а својата кулминација ја достигнува во Вардарскиот дел на Македонија којшто после Букурешкиот договор паѓа под српска окупација и подоцна од страна на Кралството Југославија, Вардарскиот дел и делови на јужна Србија, официјално се нарекува Вардарска бановина.

Србизацијата се спроведувала преку српската црква, како и државните институции. Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на Вардарска Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, а останатата е доделена на српските колонисти – жандарми, резервни офицери, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот Четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко. Покрај колонизацијата, врз македонското население се вриши и физички терор, спроведуван од колонизираните неколку илјади српски жандарми. Поради револуционерната настроеност на македонското население, во тој период, теророт бил особено суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 година, од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1.700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30.000 Македонци, а по 1927 година, во затвор остануваат над 8.000 од нив.

Последици од србизацијата во одреден степен, денес, има и во културата, лингвистиката. Во стандардниот македонски јазик: многу автентични македонски зборови се заменети со српски (користи, постои, извештај, намештај, дечко итн.), многу научни термини и именски завршетоци добиваат српски призвук, се употребува српска форма за имиња на држави (Словачка, Чешка, Данска, наспроти Турција, Грција, а не Турска, Грчка итн.). Во говорниот јазик бројот на србизмите е уште поголем (увек, никад, ваљда, болје, купаќи, купатило, така да, више, стално, поштува, чаробен, халјина, сукња, младич, млекара, пивара, книжара, школо, школска и др.) и има тенденција тие да станат дел од стандардниот јазик.[се бара извор]

Великосрпскиот национализам се спроведува и денес. Српската Православна Црква не ја признава автокефалноста на Македонската Православна Црква, а на тлото на Република Македонија создава паралелна српска црква, наречена Православна Охридска Архиепископија итн.