МЛАДО ДЕТЕ ОД БИТОЛА ПОЧИНА ОД КОВИД ОТКАКО ИЗБЕГА ОД ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

49

Млад битолчанец синоќа почина на Инфективното одделение во битолската болница , откако претходно избегал од одделението и повторно е вратен со итнатат помош, објави телевизија Телма.

Младиот битолчанец (35 години) бил сместен во ковид-центарот на 16 ноември, но вчера за време на ручекот ја напуштил болницата.

Од СВР Битола инфомрираат дека лекар од оваа здравствена установа пријавил во полиција дека лице позитивно на ковид-19 вчера претпладне избега од Инфективното одделение.

„Во 18 часот пациентот бил донесен со возило на Итната помош и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен. Според кажувањата на медицинската екипа од итната помош пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел по што семејството повикало итна помош која по интервенцијата го донела на инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на ковид одделот биле превземени реанимациони мерки, но без одговор. Во 18,45 часот настапила смртта. Во системот не постојат внесени коморбидитети“, информираат од Министерството за здравство

Во денешната официјална статистика на битолското Инфективно одделние има уште двајца починати на возраст од 55 и 73 години, со што вкупниот број се искачи на 61 лице.