МЕГА ЕКСПЛОЗИЈА НА МИЛОШОВСКИ! ДАЛИ Е ОВА ПРИЧИНАТА ШО ТЕЛМА ЈА ЦЕНЗУРИРА ОПОЗИЦИЈАТА? ГАЗДАТА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ СО КРУПНИ ПАРИ ОД НОВИОТ ГАСОВОД?

694

(Не)зависни фирми, телевизии и големи пари!?
Денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол (приватна фирма) за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50% сопственик беше Макпетрол. Инаку медиумот “Телма” (ТЕЛ-евизија МА-кпетрол) е 100% сопственост на Макпетрол и важи за силно провладин медиум, кој ги релативизира крупните грешки на Заев, а опозицијата често не ја ни третира или ја претставува негативно.
Зошто? Можеби затоа што според ревизорска куќа гасоводот на кој владата ќе врши откуп чини 36.000.000€, а Заев договорил за само 50% од истиот гасовод на Макпетрол (Телма) да му плати 32.000.000€. Кој ќе има финансиска и политичка корист од оваа богата зделка, која се прави во матно време и во услови кога арбитражата сеуште трае, кога буџетот, економијата, многу медиуми и многу стопанственици се во тешка криза?
Слободата на медиумите сигурно не.