ЛАВРОВ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ МЕЃУ АЛБАНИЈА И БУГАРИЈА

1,791

(Архива)

– „Во Македонија фактички започна нова обоена револуција според украинско сценарио, само што е во почетна фаза. Нели е дојдено време за поактивно спречување на обоените револиции во Европа?“ Зарем не треба во такви почетни фази во такви државни преврати треба да се вклучат меѓународни механизми како ОБСЕ а и Советот за безбедност во ОН за да обоените револуции не станат вообичаена пракса за промена на легитимни избрани власти?“

Лавров одговори подробно. Неговиот одговор го пренесуваме во целост:

„Потполно се согласувам со Вас. Нас тоа што се случува во Македонија многу не загрижува. Македонските случувања многу грубо се контролираат и насочуваат од надвор.

Во тек е обид Владата на Никола Груевски да се обвини за некомпетентност и дека не ги извршува своите задачи пред граѓаните, а му се препишувааат и многу други работи. Но, позади се тоа стои желбата да се влијае врз него и да се врши притисок на Груевски поради одбивање да се приклучи на санкциите против Русија. Ние со сигурност знаеме дека таквите притисоци на него се вршени и поради што во свое време како Премиер го поддржуваше Јужен тек, сметајќи на тој гасовод дека е во прилог и интерес за Македонија.

Тој покажа дека е подготвен за соработка за другата варијанта за испорака на енергенси од Русија кон јужна Европа, вклучувајќи го и Турскиот тек.

Многу е жалосно и опасно што за остварување на целта за насилно рушење на Власта на Груевски, се обидуваат да го вклучат и албанскиот фактор.

Пред неколку години таму беа остри противречности помеѓу Македонците и Албанците. Тогаш беше потпишан Охридскиот договр со кој се врати мирот и согласувањата.

Кога ние во контактите со Европска Унија, го покренавме прашањето за правата на Русите и руско јазичноста во Естонија и летонија, ги прашавме ,, Зошто го поддржаа Охридскиот договор и дали на Албанците во Македонија им дадоа сериозен обем на права, а зошто не можат тоа истото да го направат и за Русите во Естонија и Летонија, одговор не добивме. Но, по однос на Македонија добро е што конфликтот тогаш во Македонија беше разрешен.

Сега се во тек разговори дека Македонија треба уште повеќе да се федерализира, да се направи од неа ,,жилава федерализација“, можеби и ,,конфедерација“ Се изнесуваат и идеи за распарчување нарекувајќи ја вештачка држава, да се даде еден дел на Бугарија, а еден дел на Албанија.