КОЈ ОЧЕКУВАШЕ! И ОД ЦИВИЛ НА ДЕРАЛА УДИРААТ ПО ВЛАДАТА НА СДСМ НАРЕКУВАЈЌИ ЈА ГРУЕВИСТИЧКА

226

СДСМ го изгласа Даштевски за претседател на ДИК. Пуленот на Груевски.
СДСМ носи закони по скратена постапка. По угледот на Груевски..
СДСМ се здружи со ДУИ. Партнерите во криминал на Груевски.
СДСМ ги остави во Уставниот суд судиите кои ги аминуваа криминалите на Груевски.
СДСМ го избра Иџет Мемети во Советот на ЈО. Човекот кој си седеше во фоаје додека Груевски преку својата камарила ги тегнеше пратенците надвор од Собрание.
СДСМ сака да избере нов Народен Правобранител кој ќе ја продолжи традицијата на неделување.
СДСМ не казни никого за бегството на Груевски.
СДСМ ги заштити градбите од Скопје 2014.
СДСМ ја продолжи од Груевски воспоставената пракса на озаконување на дивоградбите, уништување на животната средина, уништување на јавниот сектор, партизација на администрацијата, зголемување на администрацијата, клиентелизам, популизам, депрофесионализација, …
Не се случи промена туку замена.
Дел од граѓаните се задоволни од замената.
Дел од граѓаните сакаат нова замена.
На прсти се бројат оние кои сакаат промена.