Готово е: И Армијата го пушти низ вода Доналд Трамп. На 20 јануари Бајден ќе биде нов врховен командант

215

Советот на началниците на штабовите на вооружените сили на Соединетите држави испрати порака до војската, осудувајќи ги минатонеделните немири во Капитол, објави Ројтерс.

Ова е една од ретките заеднички изјави на водачите на различните гранки на американската војска. Со него, советот го прекина речиси еднонеделниот молк по нападот на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп врз Капитол, при што загинаа пет лица, а конгресмените беа принудени да се кријат.

Голем број членови на кабинетот на Трамп, вклучително и в.д. Секретарот за одбрана Крис Милер ја осудија целата операција за влез во Капитол. Но, досега, главниот американски генерал, началникот на Генералштабот на вооружените сили Марк Мили, молчеше.

„Насилниот бунт во Вашингтон, на 6 јануари 2021 година, е директен напад врз Конгресот на САД, зградата на Капитол и нашиот уставен процес“, рекоа седумте генерали и еден адмирал во пораката испратена до армијата.

„Слободата на говор и собирање не дава никому право да прибегне кон насилство, субверзија и бунт“, се вели во нивното соопштение.

Воените водачи велат дека Џо Бајден ќе ја преземе функцијата на 20 јануари како претседател и врховен командант на вооружените сили.

„Секоја акција за кршење на уставниот процес не е само против нашите традиции, туку и против законот“, се вели во текстот.