Не се секирајте госпожа Захариева е жива и здрава и пак се заканува: По изборите во Бугарија, ќе биде уште полошо за Македонија

122

Во Македонија постои заблуда дека нешто ќе се промени по изборите во Бугарија. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева во програмата на БТВ за тоа дали во Македонија ги чекаат изборите во Бугарија за да ги решат своите проблеми со започнување преговори за членство во ЕУ.

Захариева коментираше дека бугарското општество и партии имаат многу сличен став на оваа тема. Тоа е една од македонските заблуди, вели таа. Постои заблуда дека нешто посебно ќе се промени. Наместо тоа, ако се промени, може да се влоши за нив, рече министерката Захариева.

Во врска со посетата на специјалниот пратеник на владата на Македонија Владо Бучковски, бугарскиот министерот за надворешни работи рече дека нема ништо тајно на состанокот. Ние сме во постојана комуникација со нив. Нема ништо посебно. Станува збор за, тие го нарекуваат план, ајде да го наречеме така, јас се движам и работам според договорот од 20017 година, вели таа и додава дека има поплаки од бугарски компании и универзитети кои сакаат да бидат акредитирани таму и се соочуваат со непотребни и сомнителни административни пречки.

На прашањето дали продолжува антибугарската кампања во Македонија, бугарскиот министерот за надворешни работи рече дека еден од предусловите разумно да се согледаат проблемите е да се намалат емоциите. „Колку повеќе разговараме едни со други без емоции и обвинувања, толку поголеми шанси имаме да ја завршиме работата“, рече таа.

Сакаме да ги надминиме стеротипите од минатото. Да сопре процесот на создавање нација, формирана на антибугаризам, прекинување на јазикот на омраза, воспитување на генерација по генерација на омраза кон Бугарија. Очигледно тоа е многу тешко за нив, вели Захариева.