ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ДА ИМАШ СПОСOБЕН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО! ДОДЕКА КАЈ НАС УМИРААТ СЕКОЈ ДЕНЕВНО, ВО ГРЦИЈА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 60000 ИЛЈАДИ СЕКОЈ ДЕН

123

Рекордни 60.000 апликации беа поднесени во Грција во понеделникот попладне, кога беше лансирана платформата за закажување термин за вакцинација против Ковид-19 во земјата.

Вкупниот број на вакцинации досега е 56.232, што значи 0,54 отсто од популацијата.

Според информациите од Министерството за здравство, заклучно со 20 јануари, се пуштаат во употреба првите 144 центри за вакцинација низ целата земја. Овој број постепено ќе се зголемува, согласно програмата Слобода, но исто така и врз основа на бројот на достапни вакцини.

Вакцинацијата против коронавирусот кај населението започнува на 16 јануари.

Да потсетиме, грчкиот премиер Мицотакис предложи создавање на паневропски сертификат за вакцинирани против коронавирус со цел да се олесни патувањето во ЕУ. Предлогот беше испратен до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Тој побара од ЕК да развие модел на овој сертификат со упатства какви податоци треба да содржи за да може да важи во сите земји на заедницата. Во своето писмо, Мицотакис рече дека Грција нема да ја направи вакцинацијата задолжителна, ниту дека ќе го ограничи влезот на невакцинирани лица во земјата. Сепак, тој е категоричен дека оние кои биле вакцинирани против коронавирусот треба да имаат слобода да патуваат.