Коцијас исплашен од можно спојување на Македонија со Бугарија?

192

Тонот на Софија во однос на бугарската блокада на европскиот пат на Северна Македонија го диктира членката на владината коалиција, екстремнодесничарската партија ВМРО – Бугарско национално движење на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, оценува поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за „Еурактив”.

– Бугарија не сфаќа дека во Северна Македонија се роди нова нација, која има свој јазик. Наместо да ја почитува и да придонесува кон мирот и пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, преправајќи се дека е „Херкул без мускули”, вели Коѕијас.

Тој посочува дека Атина го предупредила Европскиот совет оти Каракачанов „спроведува политика надвор од рамките на ЕУ”, откако бугарското претседателство со ЕУ постави споменик на лав во дворот на Националниот дворец на културата, кој држеше штит со картата на „Санстефанска Бугарија”

Освранувајќи се на Договорот од Преспа, кој беше склучен во време кога тој беше грчки министер за надворешни работи, Коѕијас вели дека тој бил постигнат затоа што Грција и Северна Македонија успеале да изградат доверба преку директни контакти, само со ограничено присуство на медијатори.

– Присуството на медијатор кој добро ја знае темата е потребно во одредени моменти, но не за време на целиот тек на преговорите, вели Коѕијас, додавајќи дека „крајно благородниот и ефикасен” медијатор на ОН во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц, не бил присутен на две третини од преговорите.

Според него, присуството на посредникот понекогаш ги отежнува работите, бидејќи кога две страни преговараат пред трета, постојано се трудат да ја убедуваат во исправноста на своите позиции, што само придонесува за нивно зацврстување