СУД ВО ПЕРУ ПРЕСУДИЛ ДЕКА СОРОС, РОКФЕЛЕР И ГЕЈТС СЕ КРЕАТОРИ НА КОРОНАВИРУСОТ?

465

Иако Светската здравствена организација потврди дека вирусот  корона е од животинско потекло, теориите на заговор за Ковид 19 како вештачко творештво сè уште кружат. Истрагите се во тек во Перу бидејќи судот го објасни одложувањето на една кривична постапка со пандемија, наведувајќи дека за тоа е одговорна „криминалната елита што доминира во светот“.

Врховниот суд на перуанскиот регион Ика ја испитува пресудата на локалниот суд, која вклучува тврдење дека креатори на вирусот корона се унгарско-американскиот филантроп Џорџ Сорос, семејството Рокфелер и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. „Наредивме прелиминарна истрага пред главните судии на Кривичниот апелациски совет, Цинча и Писак, со цел да добиеме докази што ќе помогнат да се утврди присуството или отсуството на наводни повреди“, беше наведено на Фејсбук профилот на Врховниот суд во Ика Истрагата е покрената поради пресудата на судот во Цинца од 21 декември 2020 година со која се потврдува одлуката за оправдување на барањето за продолжување на притворот против обвинетите. Судии на судењето беа Тито Гвидо Галегос, Луис Алберто Легија Лоајас и Тони Јангараи Сегура.