ПРЕСВРТ ВО САД! ПЕНС ОДБИ ДА ГО СОБОРИ ТРАМП И ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ

614

Мајк Пенс одби да го собори Доналд Трамп – што многу демократи го бараа од него. Неговата изјава беше содржана во писмото испратено од Белата куќа до спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси. Таа го повика Пенс да го искористи 25-тиот амандман на уставот на земјата и да го замени Трамп како неспособен да управува со земјата. Пенс одговори: „Не мислам дека ваквиот развој на настаните е во интерес на нашата земја или дека тоа би било во согласност со нашиот Устав“. Потпретседателот на САД додаде: „Минатата недела не попуштив на притисокот да ги надминам моите уставни овластувања и да ги коригирам изборните резултати и сега нема да попуштам на напорите на Претставничкиот дом да игра политички игри во толку сериозно време за нашата земја.