ПИСМО ДО БУГАРСКИОТ НАРОД ОД ЕДЕН МАКЕДОНЕ

7,859

Сашо Тасевски
Бугарски народе, одамна сакам да ти пишам нешто нежно и таман да напишам, туку ете го вашион Красимир или Захаринчето ќе фрлат нова навреда кон нас Македонците и веднаш ми се одмилува од нежности и љубовни изјави. Но, никогаш не е доцна. Еве што ми е зборот…
Имате убава држава и прекрасни луѓе. Врвни индустријалци, научници, уметници, лекари. Сум ја следел вашата култура поради природата на мојата професија, но и од лична побуди . Не затоа што се чувствувам Бугарин, зашто не се чувствувам така, туку затоа што сум сакал да научам што имаат луѓево што ќе ми легне на духовните наклонетости и потреби. Така сум открил ваши поети, писатели, музичари, филмаџии театарџии. Сум прочитал бугарски романи, сум гледал бугарски претстави и филмови. Ама сум пиел и Загорка, сум јадел луканка, вашето киело млеко, кашкавалот, киселата вода од Сливен. Е ќебапите ваши не сум ги сакал, поради тој грдиот зачин што го стававте, а до ден денес не знам како се вика. Ама ми смрдеа. Сум купувал книги на Славејков, вебстери, мебстери, Шели, Милтон, Китс, Шекспир, Јунг, Фројд, се на англиски, за лев или два и сум ја разгледувал нуклеарната централа во Козлодуј како титов шпион…. мала шала. Сум летувал од Варна до Ахтопол. Ова еднаш сум ви го кажал, ама да се повтори. Сум гостувал како глумец во Софија, Бургас, Сливен Стара Загора. Го запознав и Жељу Желев, ми беше на претставата Филоктет на мојот професор Љубиша Георгиевски. Они беа блиски. Господин човек. Многу умен. Филозоф. Да кажеме тој немаше проблем да ги доживее Македонците како посебен народ. Верувам не се преправаше кога сме разговарале.
Сум растел во фамилија во која и мојот прадедо Апостол од Кичево се доживуваше како Македонец, а беше роден во 19 век. Значи македонска самосвест постоела далеку пред Коминтерната. Не дошол Тито или Коминтерната да ни кажат од денес 2 август 1944 вие сте Македонци!!! Да не постоела таа автохтона, ендемична македонска свест, немало да се случи АСНОМ.
Еве и дедовците пак, ми беа во онаа армија на крвникот Тито како што го нарекува вашава Захаринче. Никогаш не ги слушнав ниту нив, ниту бабите да спомнат: Види внучко ние сме Македонци ама македонски Бугари. Никогаш. Тоа не постои. Таа кованица е измислица на некои ваши политичари од минатиот век. Или си Македонец или не си.
Бев воспитуван дека сум Македонец по крвна слика и Југословен по државјанство. Ниту пак сум чул од моите најблиски дека сум Србин и затоа многу ме навредува кога вашите политичари или нивните фанови ме нарекуваат србизиран Бугарин или српски испрдок. Не знам дали разбирате?
Тито тоа право никогаш не ни го оспори, дека сме Македонци, а македонскиот јазик беше еден од службените јазици во Југославија. И ние Македонците како и било кој друг народ од таа федерација, не може да му оспори многу работи на тој човек што ги направи за народите кои денес живеат како кучиња, секој сам за себе.
Ама баталете го Тито. Мислата ми е дека никој од нас Македонците не ви го оспорил правото да се нарекувате Бугари кои говорат бугарски јазик. Никогаш. Зошто тогаш вашите политичари си дозволуваат тоа да го прават кон нас, со децении? И ако некогаш сте подмолно наведени од Захаринчето и Краско да верувате дека ние ве мразиме како народ, не паѓајте на тие евтини трикови. Ако и чувствувате понекогаш омраза од нас, тоа е само затоа што, во болката од нанесената навреда на вашите водечки луѓе си велиме: Чекај бе, овие бугарски политичари што не посипуваат со гомна, некој ги донел на власт, а тој некој е народот, а ние не гледаме дека тој народ нешто им укажува дека се нецивилизирани во своите постапки кон соседите.
Точно е, не молчеа сите Бугари на тоа примитивно однесување на дел од бугарските политичари и јас, сите ние, сме им благодарни за тоа од срце. Ама од срце.
Тоа што можеби помислија им се отвори можност како никогаш до сега да ја лапнат барем пола торта, не е затоа што ние Македонците почнавме да се чувствуваме како Бугари. Ние Бугари не сме, ниту сакаме да бидеме. Тргнаа толку брутално на македонскиот народ зашто ние ја имаме тааа несреќа да имаме квислинзи на власт, анационални олигарси кои би си ги продале и децата за кариера и бизнис. Може некој од нив и се чувствува како Бугарин, не знам, не им се мешам во коцки, но тоа што им ветувале на вашиве политичари го прават против вољата на Македонците. Тие се велепредавници. Дури и во нивната партија не ги сакаат, ама што да се прави, клиентелизам пуштен на најјако. Ме разбирате.
Затоа бугарски народе, не ни се лутете кога сме бесни секогаш кога некој од вашите политичари кои сте ги избрале, насилно се обидува да ни тури со инка во главата дека нашата историја, нашата национална меморија почнува од 1991 или од 1944 година. Тоа е глупост, сами знаете. Ние не ве мразиме и очекуваме конечно да расчистите со тие санстефански шовинистички структури во вашата држава. да ги ставите на мјут. Тогаш ќе видите какви пријатели ќе имате во нас.
Штета е што не ја научивте нашата лекција чии последици сега ги трпиме. Не потценувај никого, дури и да лежи изгазен оти не знаеш кога ќе се крене на нозе и ќе ти ебе мајката. Не е ова закана, зборот ми е: Грев голем ќе падне на тебе ако тепаш мртов Германец… Македонец де… Се разбираме така? Ние сме сега ко умрени, државата е пред распад, квислинзи се на власт и да, можете да се изживувате со нас слободно, да уценувате па и да ни влезете со војска како што порача Краско ваш, ама џабе, Бугари од нас нема да направите. Дајте да се гледаме поинаку.
Остани сега во добро здравје бугарски народе и да се потрудиме конечно да ни дојде умот од газот во главата.