ЕВЕ ОД КАДЕ ТАА ХРАБРОСТ НА ВЕВЧАНЦИ ДА СЕ СПРОТИВСТАВАТ НА ОРДИТЕ НА СПАСОВСКИ! УШТЕ ПРЕД 35 ГОДИНИ СЕ СПРОТИВСТАВИЛЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА

348

Далечната 1987 година, тогашната комунистичка елита тргна на сила да зема вода од вевчанските извори за потребите на своите викендици. Вевчанци се побунија, а моќниците, исто ко и ти денес, накурчени као кои се тие вевчанци да се бунат, им пушти специјалци да се кошкаат и тепаат со народот! Тоа беше прв таков народен бунт против власта воопшто во цела тогашна Југославија! Народот во Вевчани тогаш изеде палици и ќотек. Но токму тој народен бунт во Вевчани беше искрата по која во наредните неколку години се разгореа огнови во цела Југославија, а крајот нејзин го знаете и ти и Оливер. Муабетов ми беше, многу сте глупи ако вевчанци ги цените по паметот на Крсто!
Него како тоа ти со првиот заменик премиер и екипата може да си славите родендени на Затворено и без Маски во влада, а народот не може на Отворено и со Маски да си одбележи илјада годишна традиција ,,Вевчански Карневал“? Кај е народов утепан и во агонија од се што му правите, уште и им се курчиш со специјалци!? Повторно ќе те потсетам, во Вевчани почна распадот на Југославија, а биди уверен дека историјата која сакате со Мила да ја избришете, секогаш се повторува!