НОВА БОМБА НА ИНСПЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИ! ЗЕКИРИ ОД СРЕДНО ТЕОЛОШКО ЗАВРШИЛ НОВИНАРСТВО ЗА ЕДНА ГОДИНА?

27,230

Денеска во емисијата „Утро со Златев“ гостин беше Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски денеска во емисијата „Утро со Златев“ кажа дека се уште не е проверена дипломата на премиерот Зоран Заев, но наскоро ќе биде проверена бидејќи тоа е во интерес на граѓаните. Тој истакна дека е нејасно како премиерот завршил економски факултет, со оглед на неговото однесување.

Доколку некој има завршено средно теолошко, како што вели Илиевски, нема право да запише факултет. Оттука се наметнува дека најмногу нелогичности има со дипломата на Мухамед Зекири. Тој иако има заврешно средно теолошко, има завршено и факултет, новинарство во Тетово. Тоа што е симптоматично, додава инспекторот во пензија, што Зекири завршил новинарство во истата година кога е формиран универзитетот во Тетово.

Гостинот прашува како е можно да се заврши во факултет во истата година кога е основан, упатувајќи прашање околу дипломата на Зекири.

Илиевски додаде дека дипломата на Мицкоски е проверена и со неа сѐ е во ред. Исто така за дискутираше и за дипломите на Шекеринска, Пендаровски и Кочо Анѓушев, кои се без фалсификат, односно и со нив сѐ е во ред.