МАЈМУН ИГРА ВИДЕОИГРИ ОТКАКО ИЛОН МАСК МУ ВГРАДИЛ ЧИП ВО МОЗОКОТ

149

Илон Маск во неговата  нова компанија Neuralink, работи на поврзување на мозокот со компјутерите. Цел на оваа мозочна технологија е третирање на мозочни и ‘рбетни повреди и враќање на изгубените можности кај луѓето преку вграден чип. Тој тврди дека  во компанијата има мајмун чиј мозок безжично е поврзан со компјутерот кој  му овозможува да игра видеоигри, објави Блумберг.

Точниот вид на мајмунот е непознат, но според Блумберг, тоа е примат.

– Не можете да видите каде е имплантот и тој е среќен мајмун. Ги имаме најдобрите простории за мајмуни во светот. Ние сакаме да играме ум понг заедно – изјавил Маск.

Маск се повикува на верзија на една од првите видео игри Понг (базирана на пинг-понг), во која наместо раце се користат мозочни бранови.

Маск изјавил дека наскоро ќе објави видео од мајмунот.