Среќна вест одекна! Научници од Харвард предвидуваат дека епидемијата ќе заврши летово

595

Светот денес се соочи со бројка од два милиони заразени од Ковид-19. Најпогодени земји се Соединатите Американски држави, Шпанија, Италија, Германија, Швајцарија, а во последно време и Англија и Русија, кои со мерките за самоизолација започнаа малку подоцна од останатите земји.

Научниците од Харвард откриваат кога конечно ситуацијата со корона вирусот ќе биде ставена под контрола. Иако неколку држави најавија укинување на вонредните мерки, научниците од Харвард се спротивставија на таквата одлука. Тие сметаат дека за такво нешто сè уште е рано и дека ќе има последици.

Тие предвидуваат дека борбата со корона вирусот ќе потрае и дека овој вирус после некое време ќе стане сезонска болест, а дека трансмисијата ќе биде почеста во зимските месеци.

“Предвидувањата дека пандемијата ќе заврши ова лето не е во склад со она што досега ни е познато за вирусот”, изјави Марк, еден од авторите на студијата, а пренесува српски Курир.