Докторка од Кочани побесна на Филипче кој се возеше со мотор: Македонија е завиена во црно, а вие не најдовте време да влезете таму каде што умираат луѓето, лесно се менаџира од кабинет!

434

„Секојдневните трагедии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид-центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ! За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува. Македонија е завиена во црно! А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2.500 заболени!!! Па потоа ќе размислуваат што понатаму??? Не така! Сите ОСТАВКА до еден, оти не ве бива. Еднаш не го слушнавте гласот на луѓето во скафандери, не најдовте ниту еден ден да влезете таму каде што умираат луѓето! Лесно се менаџира од кабинет! Ја сотревте Македонија“, напиша Д-р Трајкова.