ИАКО СМЕ ВО НАТО МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА СЕ ВАКЦИНИРА СО ВАКЦИНАТА НА ПУТИН

127

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави дека започнала вакцинацијата на припадниците на АРМ.

Таа не прецизира за која армија зборува но според амблемите и контекстот јасно е дека се работи за македонската армија.

Офицерите и војниците на АРМ се вакцинираат со руската вакцина Спутник В добиена од Србија.

Предходно владата одбиваше да побара вакцини од Русија и Кина поради определбата за НАТО и ЕУ.

АРМ е единствената армија од НАТО алијансата која се вакцинира со руски вакцини.