Најцрни бројки до сега! Починаа 51 лице меѓу кои и 32 годишен кумановец

99

Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на ковид-19. Починати се 51 пациент, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 523 новозаразени, во Битола 119, Куманово 87, Прилеп 55, Охрид 54, Тетово 51, Велес  47, Гостивар 38, Штип 34, Кочани 31, Кавадарци 30, Берово 27, Струмица и Кичево по 25, Гевгелија 24, Струга 22, Неготино 17, Ресен 14, Дебар 11, Свети Николе и Радовиш по 10, Пробиштип 8, Крива Паланка и Валандово по 7, Делчево и Виница по 5, Македонски Брод 4, Демир Хисар 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по двајца и во Кратово еден нов случај.

Пријавени се вкупно 51 починати лица: 20 од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти.