Вмровците ќе вадат слики како мафијашите кои добиле пасоши се возеле во службени возила со функционери?

571

Случајот со издавањето пасоши на наркобосови и криминалци е страшен и е показател за тоа колку е нестабилен и нефункционален безбедносниот систем. После ваков случај, оставката на Спасовски и Заев треба да биде неминовна, односно веќе мораше да се случи, рече Драган Ковачки, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Филибастер” на Радио Лидер.

– Според последните случувања со доделување на 200 пасоши на наркобосови и мафијаши од цела Европа и светот, само се докажува дека Република Македонија е урнисана од сите страни и безбедносната ситуација во земјата е ничкосана, односно ништо повеќе не може да ја изненади македонската јавност во однос на безбедноста. Дознавме дека неколку од овие матни луѓе кои ги добиле македонските пасоши, се возеле со службени државни возила во придружба на високи државни функционери. Замислете, луѓе кои убивале луѓе и криумчареле дрога и оружје, одеднаш крадат идентитети на македонски граѓани и функционираат низ светот. Тоа е еднакво на предавство, бидејќи така можат да настрадаат недолжни македонски граѓани – истакна Ковачки.