РУСИТЕ ТВРДАТ: Американците прават биолошко оружје на нашите граници!

238

Патрушев истакна дека тие лаборатории се наоѓаат претежно на границите на Русија и Кина.

– Американците ги уверуваат сите дека станува збор за истражувачки центри каде експерти од САД им помагаат на локалните научници да се борат против опасните болести. Вистина е дека властите на земјите каде што се наоѓаат овие објекти немаат поим што се случува внатре – рече Патрушев.

Тој исто така посочи дека во областите каде што има такви лаборатории, се појавуваат болести кои не се типични за тие региони.

Претходно, Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Москва има сериозни прашања во врска со воено-биолошката активност на Пентагон. Тие исто така забележаа дека американските активности во биолошката лабораторија на Лугар во Грузија се во спротивност со обврските на Вашингтон и Тбилиси според Конвенцијата за забрана на биолошко и токсинско оружје.