Корона вирусот влезе и во Армијата на Македонија, војник и подофицер заразени со Ковид 19

298

Подофицер и војник во македонската Армијата се позитивни на коронавирусот Ковид-19, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал.

-Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал, информираат од Армијата.

Loading..