Кога некој се сомнева дека Американците ја посетиле Месечината, НАСА го сфаќа тоа сериозно…

Loading...

Дванаесет американски астронаути почнувајќи од Нил Армстронг, чекореа на површината на Месечината во периодот од 1969-та до 1972-ра година.

Кога НБА ѕвездата Стеф Кари, еден од најдобрите кошаркари на светот во изминатите неколку години, јавно ќе изрази сомнеж дека астронаутите чекореле на Месечината, НАСА тоа го сфаќа многу сериозно.

Како и многу навивачи на Голден Стејт, исто така и НАСА дозна дека Кари на социјалните мрежи изрази неверување дека астронаутите навистина ја посетиле Месечината. Поради тоа, портпаролот на американската вселенска агенција веднаш му испрати порака на кошаркарот.

„Би биле среќни кога господинот Кари би ја посетил лунарната лабораторија во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон. Можеби на следното гостување на Голден Стејт во нашиот град“, порача портпаролот на НАСА, Алард Беутел.

Loading...
You might also like