Министерка поднесе оставка!

182
Loading...

Министерката за внатрешна безбедност на САД Кирстен Нилсен, која ја надгледуваше силно оспорената имиграциона политика на Доналд Трамп за време на својот 16-месечен бурен мандат, во неделата поднесе оставка. Ова се должи на зголемениот број мигранти на границата со Мексико, пренесе Ројтерс.

Висок официјален административен претставник изјави дека Трамп од Нилсен побарал да поднесе оставка што таа го направила.

Нилсен (46) на позицијата министерка за внатрешна безбедност е од декември 2017 година. Нејзиното заминување постојано се шпекулираше во текот на изминатата година, особено поради лутината околу политиката за разделување на семејствата на границата со Мексико, и поради последните проценки на официјални претставници на границата на САД дека 100.000 имигранти биле уапсени на јужната граница во март, највисоко ниво во една деценија.

Loading...
You might also like