Дојде време да се наплати за Северна, Канческа конечно богата и слободна! ОТФРЛЕНА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ ?

87
Loading...

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против поранешната министерка зa култура, Елизабета Канчевска – Милевска, за поранешниот заменик министер и за раководителот во министерствотото за злоупотреба на службената должност.

Елизабета Канческа заедно со пратениците обвинети за 27 април Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, гласаа за промена на уставното име на државата во Северна Македонија. Мукоски, Арнаудов и Василевски беа амнестирани со закон за амнестија, а денеска според соопштение од Обвинителството и Канческа се ослободува од кривично гонење по кривична пријава поднесена од Финансиската полиција. Заев своевремено во изјава призна дека морал да се пазари за 2/3 мнозинство за промена на името.

Како што соопшти обвинителството, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против три лица за кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Станува збор за кривична пријава поднесена од Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која подоцна беше доставена на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје.

Loading...
You might also like