Според најновата анкета Заев сеуште најпопуларен политичар

76
Loading...

Мнозинство од граѓаните, односно 66,9 отсто се против амнестија, а 58,9 отсто се против предвремени избори покажува најновата анкета на телевизија „Телма“ и невладината МЦМС.

Што се однесува до амнестија за обвинетите и учесниците во настаните од 27 Април во Собранието, 57,8 отсто не се согласуваат со амнестија, 37 проценти се согласуваат.

Анкетата покажува дека премиерот Зоран Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски е зад него со 14 процентни поени, со раст во личниот рејтинг и прв пат над претседателот Ѓорге Иванов чиј рејтинг е во пад и застанува на само 6 отсто. Следува Ахмети со 5,7, Села 3,8 отсто, и избеганиот Никола Груевски кој е во слободен пад со 2,7 отсто, рејтинг во рамките на статистичките грешки.

Loading...
You might also like