Камчев продолжува да гази до крај! Ужива на јахта во Бугарија

1,254
Loading...

Знаат ли бугарските безбедносни служби дека Орце Камчев се одмора на јахта во пристаништето во Варна, прашува бугарскиот портал АФЕРА.БГ.

Вчера во Македонија беше уапсена шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева по налог на државното обвинителство по аферата „Рекет“.

Во аферата „Рекет“ се објави дека македонскиот олигарх Орце Камчев, кој е под истрага за перење пари, злоупотреба на службена положба и учество во организирана криминална група, бил рекетиран од две лица, Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Зоки Кичеец.

Тие му побарале 8 милиони евра за да ја спречат истрагата против него. Камчев им дал 1,5 милион евра. Во снимките кои протекоа за аферата, Јовановски и Милевски тврдат дека на Камчев ќе му завршат работа со помош на шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева.

Loading...
You might also like