Претседателот на Бугарија испрати ултиматум до нас? Изгледа ќе треба да го дадеме Делчев и уште многу други ликови на Бугарија?

753
Loading...

Доколку во рок од еден месец членовите на Заедничката експертска Комисијата дадат уверување дека сите контроверзни прашања ќе бидат решени – настани, личности, корекција на учебници, натписи во музеи, плакети и позиции на јавни медиуми – тогаш бугарската Влада може да ја продолжи политиката на безусловна поддршка за членството на Република Северна Македонија во Европската унија, вели бугарскиот претседател Румен Радев како што објави бугарската новинска агенција БТА.

Тој денеска се сретна со бугарските претставници во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија.

Радев вели дека „доколку тоа не се случи, Владата треба да преземе чекори за развој на нова национална позиција со јасни барања и критериуми за поддршка на бугарскиот национален интерес, кои треба експлицитно да се вклучат во преговарачката рамка за Република с.Македонија како предуслови за членство во ЕУ. Со оваа нова позиција исто така мора да биде запознаен и бугарскиот Парламент“, вели Радев.

Loading...
You might also like