Милошоски испратил пораки до десничарските партии во ЕУ да ургираат за добивање датум за Македонија

18
Loading...

Antonio Miloshoski
Денеска, како претседател на Комисијата за надворешна политика, упатив писма до колегите г-а Мариел Де Сарнез (Франција) и г-н Норберт Ретген (Германија), како ургенција за нивна поддршка на нивните парламенти при донесувањето на одлуката за датум за преговори со ЕУ, која одлука Македонија ја заслужи уште во 2009-та, а ја заслужува и денес!

Позитивната одлука на Советот на ЕУ во Октомври е од витално значење за европските перспективи на нашата татковина, како и единствен логичен исход после 10 позитивни препораки од Европската комисија.
Свесен сум за честите забелешки кои некои членки на ЕУ ги упатуваат на сметка на крупните корупциски афери и селективното владеење на правото, но токму овие предизвици треба да се гледаат како дополнителен мотив Македонија што поскоро да ги почне преговорите за поглавјата 23 и 24, бидејќи без почеток на преговорите овие проблеми можат само да растат, а граѓаните и стопанствениците да бидат оние кои ќе ги трпат негативните последици. Македонските граѓани заслужуваат позитивна одлука од Брисел, со надеж дека првата меѓувладина конференција на ЕК и МК-Влада, што се смета и за званичен старт на преговорите, ќе се случи до крајот на 2019 година.

Image may contain: text
No photo description available.

Loading...
You might also like