Геро до Фатиме Фетаи: Ѕвездо избледена, кажи ми што ново дознавме од твојава последна бомбашка претстава?

2,135
Loading...

„Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што беа долго најавувани како бум. Но, ништо суштинско нема во бомбите“. Ова го изјави правната застапничка на родителите на убиените деца кај Смилковско Езеро, во неразјаснетиот крвав пир на 12 април 2012 година, што вечно ќе се памети. Македонија на семејствата на жртвите им должи одговор на најважното прашање – кој и зошто ги уби нивните најмили. И долгот сѐ уште не е исполнет.

За жал, таа сложена, тешка и одговорна задача ја презеде Специјалното јавно обвинителство, а обвинението во случајот „Монструм“ го застапува некогаш ултрапопуларната Фатиме Фетаи, чија ѕвезда сега бледнее по распадот на СЈО како последица на аферата „Рекет“. На последното рочиште, во судницата беа емитувани 25 „бомби“. Прочитав дека Фетаи со себе донела и 130.000 смс-пораки и транскрипти. А во ниту еден од објавените нелегално прислушувани разговори го нема одговорот на прашањето кој е сторителот на петкратното убиство и која е причината за ова злосторство. Цели четири часа бомбашко шоу, а ниту еден детал што навестува барем доближување до вистината.

Целата колумна на Плус Инфо

Loading...
You might also like