Тачи: ДУИ мора да оди во опозиција за да се случат промени

188
Loading...

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата 10 минути, рече дека граѓаните од Косово кои ДПК ја испратија во опозиција, и испратија порака на Северна Македонија. Според него, за да се промената, и ДУИ треба да оди во опозиција, бидејќи, како што рече долго време се на власт.

„Мислам дека пораката за Албанците од Македонија, која доаѓа од Косово, е дека нема да се сруши светот доколку се случи промена, туку повеќе ќе се демократизираме и ќе бидеме поблиску вистинското решение. Јас би рекол дека ќе имаме промена на албанската политичка сцена во Македонија, да се изразам со зборовите кои беа многу користени во текот на овие избори во Косово, доколку ДУИ оди во опозиција“, Мендух Тачи – претседател на ДПА.

Loading...
You might also like