Фокус: Заев помеѓу Шилегов и Мијалков во битката за бизнисот со ѓубре?!

190
Loading...

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
А зошто, додека сме „на прав пат“, мора да крадете и да лажете, му одговараат независните граѓани што му дадоа поддршка на Заев во 2016. Нели може да не водите „на прав пат“, но истовремено да бидете и чесни? Или и двете работи кај вас не одат заедно?

7 ДЕНА: КАТИЦА- ЕДНА АМА ВРЕДНА
Периодот на Груевски го карактеризираа мегаакции според бројот на уапсени. Сакате „Калдрма“ со 86-мина, во „Змиско око“ 72… Кога немаш крупни ѕверки, шибај со крупни бројки. Интересно, пак, за СЈО е што правосилни пресуди им се бројат на прстите на една рака, ама затоа воделе дури 243 предистраги. Е специфика на владата на Заев е што главен адут дека сега нема недопирливи им стана скалпот на Катица Јанева. Демек, една ама вредна! Го окрка женава за сите останати сомнителни актуелни фаци!

БОРБАТА ЗА ДРИСЛА СЕ РАЗГОРУВА
Кога Град Скопје се пофали дека ја презема депонијата Дрисла, ѓубрето повторно засмрде. Централен регистар обвини дека не може да му стави параф на Шилегов, а градскиот татко ги обвини за некадарност. Од нигде никаде се појави и Сашо Мијалков, кој според Шилегов бил главен во милионскиот бизнис и очигледно немало да се откаже без борба. Премиерот Заев, пак, се чини како да е на средината, ни ваму, ни таму

КОМПАНИЈА ДОНАТОР НА СДСМ ВО БИЗНИСОТ СО КАНАБИС
По легализацијата на одгледување канабис за медицински цели, се лиценцираа десетици компании, а некои допрва очекуваат одобрение за производство. Една од нив е „Мар Медика“ од Куманово, која е во сопственост и на „Делукс Ауто“ на Бобан Спасовски, која, пак, се јавува како донатор на СДСМ во 2016 година, а оттогаш добила и неколку тендери за набавка на патнички возила од разни државни институции

НИНА АНГЕЛОВСКА: ДОЈДОВ ЗА ДА ПРАВАМ ПРОМЕНИ, ЌЕ ИМА И СМЕЛИ ОДЛУКИ
Во интервју за „Фокус“, новата министерка за финансии потенцира дека е дојдена на функцијата за да прави промени и својата младост не ја смета за никакво ограничување. Најавува и жестока борба против сивата економија и создавање рамноправна бизнис-клима за сите. Вели дека стабилниот курс на денарот нема да се чепка, но најавува други смели мерки за стимулација на растот на економијата

СОМНИТЕЛНИ ОТКАЗИ ВО КОНФЕКЦИЈАТА „СТОБИ“
Како што тврдат работничките, досега никоја од нив не знаела што потпишала во канцеларијата на претпоставените. Од Државниот инспекторат за труд дознаваме дека се работи за спогодби. Со овој потпис работничките се откажуваат од правото на испратнина или каков било надомест.Зошто работнички, кои се пријавени на минималец од 12.000 денари, би се откажале од каков било надомест?

ПОЛАРИЗАЦИЈА ВО ЕРА НА АПАТИЈА
И на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе им треба секој глас, било за нив, било за партија која неминовно со нив ќе коалицира по избори, а ни во лудило нема да коалицира со партија од другиот табор. Затоа, за да се ефектуира секој даден глас во број на пратеници, и на двете големи партии им одговара Македонија цела да е една изборна единица

Loading...
You might also like