И ова ќе треба да го проголтаме? Бугарија со црвени линии! Нема македонски народ и бугарски фашистички окупатор?

76
Loading...

Официјална Софија денеска усвои рамка која содржи повеќе од 20 услови кои Северна Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Соопштението од бугарската влада по состанокот започнува со ставот дека „Бугарија го поддржува почетокот на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија“, а под него се наредени серија услови, квалификации и забелешки кои задираат во историјата и идентитетот на државата и граѓаните.
Најпрво, Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа”, а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам.”

„Реален напредок“
Софија натаму нотира дека „добрососедските односи имаат хоризонтално значење и следствено треба да се оценуваат во секоја етапа од процесот на пристапување на земјите кандидати“. Оттука на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 15 октомври ќе се бара целосното исполнување на Договорот за добрососедство да биде наведено како уште еден услов во преговорите.

Бугарија сега најавува дека ќе ја блокира и првата меѓувладина конференција, со која формално започнуваат преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ, доколку до нејзиното одржување не биде забележан „реален напредок во исполнувањето на духот и словото на Договорот за добрососедство“.
Под „реален напредок“, Софија подразбира откажување од поддршката или барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија; почеток на процес на рехабилитација на жртвите на „југословенскиот комунистички режим кои трпеле репресија поради бугарската самосвест“; нов процес на лустрација кој треба да ги расветли соработниците на поранешните служби за безбедност на Југославија во денешна С. Македонија; и системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.

Loading...
You might also like