Што и се случило? Катица итно префрлена во клиниката на Жан Митрев

229
Loading...

Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе оди на кардиолошки преглед во клиниката „Жан Митрев“.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска за „Фокус“ изјавила дека и е одобрено барањето да се јави на кардиолошко-интернистички преглед во клиниката. Фрчкоска вели дека Јанева е во многу лоша здравствена состојба.

„Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата“ – вели адвокатката Фрчкоска.

Адвокатите на Јанева претходно побараа мерката притвор да и биде заменета со мерка куќен притвор, но судот не го прифати ова барање.

Loading...
You might also like