Погледнете какви перформанси ќе има новиот Плејстејшн

277

Официјалната премиера на конзолата се очекува да се одржи во последните недели од годината. Повеќето аналитичари очекуваат Sony PS5 да биде откриен во ноември и да биде лансиран во сезоната на празници до крајот на 2020 година. Се разбира, светската епидемија на коронавирус може да ги промени плановите на компанијата, што важи и за Xbox Series X.

Компанијата одржа специјална презентација со која се потврдува дека уредот ќе користи изменет AMD процесор. Овој чип ќе користи осум јадра базирани на архитектурата Zen 2, што работи на 3,5GHz. Конзолата ќе има вкупно 36 компјутерски единици со фреквенција од 2.23GHz, што ќе гарантира максимална изведба од 10,28 терафлопи, пренесува CNet. Други карактеристики вклучуваат 16GB GDDR6/256-bit RAM модул, како и SSD погон кој нуди капацитет од 825 GB.

Loading..