Русија регистрираше лек во спреј. За осум дена сте кукурек од корона

128

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот леитрагин за третман и превенција на пневмонија предизвикана од коронавирус, објави денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница.

Лекот во спреј леитрагин, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Наменет е за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот, се наведува на веб-страницата, објави ТАС.

Додадено е дека производството на лекот е во тек.

Леитрагин е првиот лек кој има за цел да спречи воспаление на белите дробови и да се избори со цитокинската бура предизвикана од ковид-19.

За време на клиничкото тестирање, немаше смртни случаи или посериозни случаи кај 320 пациенти со умерени симптоми на ковид-19.

Пациентите кои земале леитрагин се опоравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класични методи се опоравиле по 14 дена.