КАДЕ Е ЕВРОПСКА УНИЈА? САМО ТУРЦИЈА, РУСИЈА, СРБИЈА И КИНА НИ ДОНИРААТ ВАКЦИНИ

59

Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција. Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.