Патосиран нашиот безбедносен систем! Мафијаш со две меѓународни потерници добил македонски пасош

54

Албанецот Елвис Влади во откромври 2018 година влегол во просториите на МВР, се фотографирал, оставил отпечаток од прстот и веќе следниот ден добил македонски пасош на име на Селами Хоџа, објави порталот МКД, додавајќи дека во тоа време за Елвис биле распишани две меѓународни потерници.

Два дена откако го добил пасошот, Елвис Влади излегол од границите на Македонија. Тој со две потерници на Интерпол бил баран поради перење пари и трговија со кокаин, а албанската полиција на 25 јуни 2018 година објави заплена на 3,4 милиони евра во кеш скриени во две возила.

Од македонското обвинителство нема информација дека е отворен случај против албанскиот државјанин Елвис Влади за употреба на исправа со фалсификувана содржина при премин на македонската државна граница. Нема информација и дека македонското обвинителство побарало размена на информации со албанското, британското, белгиското и унгарското обвинителство за случаите кои се водат против албанската нарко група чиј член е Елвис Влади.