Наум Петрески до Бајден: Ти си сатански слуга, гомнар со педигре

1,180

Претседателот на САД Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на сојузните власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот

Секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД.

Извршувањето на декретот ќе биде во рацете на Министерството за финансии на САД во консултација со Стејт Департментот.

Ова е трета важна одлука на администрацијата на претседателот Бајден во однос на регионот во последниве недели. Најпрво на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до врвот на поранешната владејачка партија ГЕРБ.

Оваа одлука на претседателот Бајден предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а еден од многуте негативни коментари во врска со тоа беше и коментарот на Наум Петрески кој Бајден го нарече „слуга на сатаната“ и „гомнар со педигре“.