Имунолог: Информациите од Израел се загрижувачки. Половина од заразените веќе биле вакцинирани

255

Информациите што доаѓаат од Израел се загрижувачки, таму имаме скок на нови случаи, без оглед на фактот дека 60 отсто од населението е вакцинирано со обете дози. Вакцината не штити во процент и обем како што мислевме, а тоа е 90 отсто, рече имунологот Златко Тробоњача, кој гостуваше во емисијата Добро утро Хрватска на ХРТ.

На прашањето колку соеви можеме да очекуваме, тој рече дека никој не може да го предвиди тоа и дека во моментов има над 2.000 различни соеви во светот поради мутации.

Делта сојот има 15 или 18 мутации, но има четири клучни мутации што се наоѓаат во геномот кој го кодира протеинот на шилецот и му дава голема инфективност и имуноевазивност. Не се сите мутации исти. Некои можат да бидат тивки, а некои се сериозни , како бразилски или јужноафрикански сој, вели тој.

Тој го коментираше и фактот дека ниту медицинските работници не сакаат да се вакцинираат.

Тоа не е добро и тоа не влева доверба кај луѓето. Треба да им дадеме пример на луѓето да се вакцинираат. Ние можеме да се ослободиме од епидемиите на два начина – со вакцинација или со заболување. Препорачувам вакцинација. Вакцините се ефикасни, тие превенираат тешки облици на болеста и покажуваат мал број на несакани ефекти, вели тој.

На прашањето дали ќе биде потребно да се добие трета доза, тој рече дека тоа ќе зависи од ситуацијата на теренот.

Ако има епидемија, можеби ќе треба да се вакцинираме со третата доза, а ако нема, тогаш нема да има потреба. Тоа зависи и од мутацијата на вирусот што ќе се прошири, бидејќи ако се појави нова мутација и таа се шири и оваа вакцина нема да ја неутрализира, тогаш ќе мора да се вакцинираме, рече тој за Добро утро, Хрватска, додавајќи дека од Фајзер доаѓаат информации дека луѓето треба да се довакцинираат во рок од 12 месеци.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like