А БРИТАНСКИОТ ИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО СЕ ЗАРАЗИ СО КОРОНА

8

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид изјави денес дека се тестирал и дека е позитивен на коронавирус, но дека има лесни симптоми, откако примил две дози вакцина против оваа болест.

Фото: ЕПА

„Направив брз тест утрово и сум позитивен на ковид“, рече тој, додавајќи дека сега чека потврда на резултатот со ПЦР тест.

„Чекам резултати од ПЦР тест, но, за среќа, вакциниран сум и имам благи симптоми“, додаде тој.

Тој ги повика оние што сè уште не се вакцинирани да го сторат тоа што е можно поскоро.

Во Велика Британија во петокот се потврдени 51.870 случаи на инфекција, што е најмногу од 15 јануари.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, претходно предупреди дека бројот на заразени и хоспитализирани во земјата рапидно се зголемува.

„Сè уште сме далеку од крајот на пандемијата, а до 19 јули може да имаме и до 50.000 заразени на ден“, предупреди Џонсон.