ПОЧНА? Украински граничари нападнати на границата со Русија, им биле одземени митралезите

264

Украинските граничари биле нападнати од непознати лица во регионот Суми на границата со Русија, како резултат на што двајца војници биле претепани и лишени од службено оружје.

 

 

Ова го објави прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Украина.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на неделата, на 18 јули, во селото Рјасне. Откако напаѓачите ги претепале граничните полицајци, зеле два калашникови и побегнале.

Портпаролот на Државната гранична служба на Украина, Андриј Демченко, за новинарите изјави дека состојбата на повредените граничари е „задоволителна“.

Според него, нападот најверојатно бил извршен од украинска територија. Натрапниците избегале и длабоко во територијата на Украина.

Прес-службата на Државната гранична служба веќе го нарече овој инцидент „обид за заплашување на граничарите на границата со Руската Федерација“.

(Вистина