БУГАРСКИ ЗНАМИЊА СЕ РАЗВИОРИЈА ВО СМИЛЕВО! МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ОД БИТОЛА ЗАЕДНО СО БУГАРСКИОТ КОНЗУЛ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ

73

Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола, заедно со бугарското конзуларно претставништво во Битола, ВМРО-БНД и Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ положија цвеќе пред споменикот на Даме Груев во Смилево, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и водачите на Илинденското востание.

Нивната посета на Смилево, родното место на Даме Груев, е во рамките на чествувањето на Илинденското востание од страна на повеќе бугарски политички и културни организации во Бугарија и Македонија. Свечените одбележувања се организираат на 20 јули бидејќи според стариот јулијански календар на оваа дата започнува Илинденското востание во Македонија.