ЖЕСТОКА ПРОВОКАЦИЈА НА ОСМАНИ: ОВАА ВЛАДА Е НА ДУИ

695

Запрашан дали ДУИ размислува да ја напушти Владата ако нема поддршка од СДСМ на локалните избори, Османи вели нема такво нешто.

-Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека тој, таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада.

Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата, посочи Османи.

За ДУИ е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави шефот на дипломатијата и член на ДУИ Бујар Османи.