БОМБА! МИЦКОВСКИ ВЕТУВА 750 ЕВРА МЕСЕЧНА ПЛАТА

296

„Денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата“, истакна лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

„Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала.

 

Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот.

А, исто така денеска ќе зборуваме и за „Blockchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа“, рече Мицкоски.