ПОГЛЕДНЕТЕ! Откако СДСМ стана партија блиска до Бугарите, борците на НОБ се свртија и соработуваат со Левица која е наследник на АСНОМ

281

По повод на поканата од страна на Општинскиот одбор на Сојуз на борци – Битола локалниот огранок на Левица – Битола положи цвеќе во чест на свеченото откривање на спомен – биста на првоборецот Ѓорѓи Наумов.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 21 ЈУЛИ
Во 1942 година во Скопје од бугарските фашистички окупатори е осуден на смрт и обесен Ѓорѓи Василев НАУМОВ. Тој бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола на 18 јануари 1916 г. Потекнувал од земјоделско семејство од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија, кое по Првата балканска војна се доселило во Битола. Бил брат на народниот херој Стеван Наумов-Стив. Работел како шофер и бил вклучен во разни активности на работничкото движење во Битола од пред Втората светска војна. Од 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија.