ОТКАКО БАЈДЕН СЕ ЗАКАНИ СО САНКЦИИ ПОРАДИ КОРУПЦИЈА, ВЛАДАТА ИМ ЗГРМИ НА КРИМИНАЛЦИТЕ ВО СДСМ! СИТЕ ДО ЕДЕН ЌЕ БИДИТЕ КАЗНЕТИ

152

Владата на Северна Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава, одговорија од Владата откако вчера Стејт департментот преку Извештај упати остри критики за корупцијата за што го впери прстот кон власта и хаосот со законите.

„Владата е одлучна и сериозно посветена на решавање на наталожените и децениски проблеми, а справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи кои веќе испорачуваат резултати. Прочистувањето на правосудството, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки се неповратни процеси кои претставуваат препрека и закана за секој поранешен, актуелен и иден функционер кога е во прашање корупцијата“, се наведува во одговорот од Владата.