НОВ МЕГА СКАНДАЛ ОТКРИВА АПАСИЕВ! СЕ СПРЕМА ТЕРЕН ЗА ДА СЕ ЗБРИШАТ МАЛИТЕ ПАРТИИ?

662

Другари, вака стојат работите…
Два-три месеци наназад, Министерството за правда глуми инклузивни преговори за измени на Изборниот законик (со динамика на средби во Клубот на пратеници два пати месечно, со претставници на сите парламентарни партии).
Во меѓувреме, #ШирокатаКоалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ, инкогнито и зад затворени врати, паралелно си преговарала и си договориле измени кои одат во насока на загушување на директната демократија и неколкукратно зголемување на цензусот за собирање потписи пред ДИК за независни/граѓански листи!
И утре сакаат, оваа нивна лакрдија да ја поминат со експресен воз низ Собранието: прво на пленарна, а потоа и на комисиска расправа – без да остават време за поднесување амандмани од страна на пратениците (затоа што законот уште не е доставен до народните избраници).
Чисто да си знаете со какви ШВЕРЦЕРИ и преваранти без образ си имаме работа. И од власта и од опозицијата.